Од утре сите кои наполниле 18 години ќе можат да се сликаат за лична карта без термин

Утре, сите кои наполниле 18 години ќе можат да се сликаат во определените пунктови низ земјава надвор од редовната постапка со предност на оние кои немаат ниту пасоши, граѓаните од Скопје тоа ќе треба да го сторат во ПС Пролет – посочи министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Што се однесува до останатите граѓани кои чекаат нови документи, ќе можат да гласаат со старите.

-Секој еден од нашиве млади граѓани кои што наполниле 18 години или ќе наполнат 18 години во овој временски период, ќе може да дојде да се фотографира за да обезбеди лична карта која што ќе биде изготвена за разумен временски период за да може да се легитимира во рамки на избирачките места и да си го оствари своето право на глас. Оваа бројка на млади граѓани не е огромна, може да се сработи за еден ден од аспект на печатење. — Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Во однос на безбедноста на изборниот процес министерот не загрижен , но е стравува за демократскиот, осовено во Гостивар и Тетово, бидејќи од Влада не му било дозволено да постави свој началник на ова СВР, а само еден месец пред да стапи на функција позицијата ја добило сосема трето лице, па оттаму вели дека има оправдани сомнежи…

-Владата оценила дека само СВР Тетово не треба да има соодветен легитимитет кој што би требало да ја пренасочи одговорноста од аспект на гаранција за спроведување на фер и демократски избори, преведено би значело дека јас треба да поставам началник на СВР Тетово, дополнителниот министер да постави на началник на СВР – Тетово и притоа ние да гарантираме од аспект на законска предвидливост и законска одговорност. — Панче Тошковски – Министер за внатрешни работи.

Што се однесува до фотографиите кои се појавија во јавноста од полициски службеници сликани со политичари од тетовско-гостиварскиот регион, Тошковски посочи само кратко посочи дека припадниците на полицијата не смеат да бидат дел од политички партии…

ОСТАНАТИ ВЕСТИ