Денес, Општа болница Струга ја посети Министерот за здравство др. Беким Сали.Во соработка со Министерството за здравство, успеавме да обезбедиме еден од најсовремените апарати мамограф, кој е исклучително важен при раната дијагноза на малигните болести на дојката.
Во просек, 2-4 скрининг мамографии од секои 1000 покажуваат рак на дојка, а само 8-10 % од нив завршуваат на биопсија.
Нашиот мамограф нуди помала зрачна доза, контролирана компресија и поголема резолуција на графии.
Со овој најсовремен мамограф ке овозможиме поквалитетни услуги на пациентите од целиот југозападен регион.
Општа болница Струга доби современ Мамограф
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by Ultrasoft