Општина Струга: Да се отстранат сите времени објекти и зафатени јавни површини!

Општина Струга ги известува граѓаните дека во рок од 10 дена од објавата на соопштението се должни да ги отстранат сите привремени објекти за кои рокот за поставување на урбана опрема за тековната 2025 година е истечен.

Обврската се однесува на сите бараки, тезги, детски играчки, рекламни материјали, земјоделски производи, градежни материјали и слични објекти поставени на јавни површини без важечки решенија.

Исто така, од општината апелираат до граѓаните кои имаат зафатено јавна или сообраќајна површина со оставено огревно дрво, нерегистрирани и хаварисани возила, отпадни гуми и друг материјал, веднаш да ја ослободат.

Како краен рок за постапување е утврден 30 ноември 2025 година (недела). По истекот на овој рок, инспекциските служби на Општина Струга ќе започнат со активности за ослободување на јавните површини, согласно законските надлежности.

Со почит,
Општина Струга

ОСТАНАТИ ВЕСТИ