Според неофицијалните информации, дрогата била скриена во камион што бил натоварен со рециклирана отпадна хартија
Поголема количина дрога скриена во камион со македонски регистарски таблички синоќа откриле екипи на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при Министерството за внатрешни работи (МВР) и на Царинската управа на граничниот премин „Богородица“.
Неофицијално, дрогата била скриена во камион што бил товарен со рециклирана отпадна хартија. Камионот, според првичните информации, влегол во земјава од Косово и требало да оди за Грција, а од таму да продолжи до крајната дестинација, Турција.
Дел од медиумите пренесуваат дека на „Богородица“ координирано бил пресечен канал за шверц на наркотична дрога. Од синоќа екипи на полицијата и на Царина на „Богородица“ вршат детални проверки на камиони. Повеќе детали за акцијата се најавуваат во текот на денот.