
Овогодишното лето беше најжешкото во Шпанија откако почнаа да се водат евиденции во 1961 година, а исто така придонесе и за најлошата сезона на пожари во последните три децении, според шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ.
Летото 2025 година беше за 2,1 степени Целзиусови потопло од просекот за периодот 1991-2020 година и го надмина претходното најтопло лето 2022 година за 0,1 степен, соопшти AEMET, пренесува Ројтерс.
Девет од 10-те најжешки лета во Шпанија се случиле во 21 век, а според портпаролот на AEMET, Рубен дел Кампо, оваа ситуација ќе продолжи и во иднина.
„Овие лета 2022 и 2025 година се како претпреглед на она што може да нè чека во средината на векот“, рече дел Кампо во интервју за Ројтерс, истакнувајќи дека Шпанија е погодена од топлотен бран секој трет ден ова лето.
Дел Кампо истакна дека Шпанија ќе мора да се прилагоди на сè пожешките лета.
Во текот на летото, Шпанија имаше три топлотни бранови кои траеја вкупно 36 дена.