Пленковиќ и Фон дер Лајен ќе го одбележат влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен денеска, по повод влезот на Хрватска во Шенген и еврозоната, ќе го посетат хрватско-словенечкиот граничен пункт Брегана.

На границата треба да ги пречека претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар.

Подоцна во текот на денот на централниот плоштад во Загреб „Бан Јосип Јелачиќ“ Пленковиќ и Фон дер Лајен ќе се напијат кафе, кое ќе го платат во евра. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

2 Comments

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *