Во тек е голема спасувачка акција на патот Скопје-Приштина откако по сообраќајна несреќа три лица се исчезнати, а едно спасено откако возило излета во реката Лепенец, пренесува ексклузивно ТВ21.
Несреќата се случила попладнево, а едно возило завршило во реката Лепенец, не далеку од тунелот.
На терен се специјални единици кои вршат потрага во река Лепенец, како и противпожарните служби.
Надојдените води се дополнителен проблем за пребарување и спасување.