Почина познатиот актер Мајкл ДеЛано

Актерот и пејач Мајкл ДеЛано почина на 84-годишна возраст, потврди неговата сопруга денеска, иако тој починал пред повеќе од еден месец.
ДеЛано глумеше во филмската франшиза „Единасетмината на Оушн“, како и во големи ТВ серии, вклучувајќи ги „Чарлиевите ангели“, „Џеферсонови“, „Чудо од жена“…
Негова сопруга Џин ДеЛано изјави дека нејзиниот сопруг починал од срцев удар на 20. октомври во болница во Лас Вегас.
Играше менаџер на казино во „Единсаетмината на Оушн“, а потоа и во „Дванаестмината на Оушн“.
Роден е во Њујорк во 1940 година. Ја почнал својата кариера како пејач, откако служеше како падобранец во армијата на САД.
Тој потпиша договор со „Свон рекордс“ во 1960 година и сними низа песни под името Ки Ларсон.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ