Полицијата во Белград заплени хероин и кокаин вредни 350 илјади евра, едно лице уапсено

Во Белград, полицијата запленила хероин и кокаин во вредност од околу 350 илјади евра. Дополнително, едно лице е уапсено поради трговија со дрога, соопшти српското МВР.
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека при претрес на стан и други простории што ги користел осомничениот П.З. (42), во закопано буре биле пронајдени околу 10 килограми хероин и околу 2,5 килограми кокаин, пренесува СРНА.
Исто така, била пронајдена и опрема за пакување и продажба на дрога, како и супстанции за зголемување на масата на наркотиците.
Дачиќ посочи дека се работи за продолжување на серијата рекордни заплени во главниот град во изминатиот период.
„Полицијата од 23 јули до 20 август оствари рекордни заплени на наркотични средства во Белград. Запленети се 62 килограма кокаин и две тони марихуана, со вкупна вредност од околу шест милиони евра“, наведе Дачиќ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ