Полицијата во Хонг Конг приведе 15 лица под сомнение за убиство од небрежност во пожарот

Полицијата во Хонг Конг денес објави дека 15 лица се приведени под сомнение за убиство од небрежност во голем пожар во станбен комплекс и додаде дека се очекуваат дополнителни апсења.
Меѓу приведените се 14 мажи и една жена, на возраст меѓу 40 и 77 години, сите поврзани со компанија за одржување и инженерство што работела во станбениот комплекс „Ванг Фук Корт“ во Таи По, соопшти полицијата, објави Ксинхуа.
До 16:00 часот по локално време, пожарот одзел 156 животи, а околу 30 лица сè уште се водат како исчезнати, објавија властите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ