Полициски час во Перу по серијата насилни протести

По насилните протести во областа Пуно во југоисточниот дел на Перу во кои загинаа најмалку 17 лица, властите воведоа полициски час. Перуанскиот премиер Алберт Отароли сооошти дека полицискиот час од 20:00 до 4:00 часот по локално време ќе биде во сила наредните три дена.

Повеќе од 68 лица се повредени во градот Хулиака, местото на последниот и еден од најтешките судири меѓу полицијата и приврзаниците на поранешниот претседател, Педро Кастиљо, кој минатиот месец беше уапсен поради обид за распуштање на Конгресот.

Поддржувачите на поранешниот претседател бараат новата претседателка на државата, Дина Болуарте, да поднесе оставка и да се распишат предвремени избори.

Перу со години е во политички превирања, а последната криза дојде откако Кастиљо минатиот декември објави дека го распушта Конгресот и воведува вонредна состојба, но Конгресот со големо мнозинство гласаше за негово отповикување. Кастиљо моментално е во притвор и под истрага под обвинение за бунт и заговор.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *