Половина Аргентина е без струја од голем пожар

Повеќе од половина од територијата на Аргентина остана без струја откако пожар ја оштети националната електрична мрежа, јави Би-би-си.

Главниот град Буенос Аирес, други поголеми градови и значителен дел од руралните области се целосно или делумно без струја додека Аргентина се бори со топлотниот бран и сушата.

Се претпоставува дека пожарот избувнал на отворен простор, што довело до оштетување на електричните водови во крајбрежјето и прекин на работата на нуклеарната централа.

Би-би-си јавува дека температурите во одредени делови од оваа јужноамериканска земја сè уште се постојано над 35 степени Целзиусови, на крајот на летото.

Во некои региони училиштата и продавниците се затворени поради високите температури и прекинот на електричната енергија.

Најтешко се погодени големите градови, а во Буенос Аирес околу 150.000 жители се без електрична енергија.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ