Бензините на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто.Новите максимални малопродажни цени ќе изнесуваат:
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 95 – 77,00 (денари/литар)
– Моторен бензин – Еуросупер БС – 98 – 79,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – Еуродизел БС (Д-Е V) – 73,50 (денари/литар)
– Масло за горење -Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 73,00 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 41,236 (денари/килограм)
Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,085 отсто, кај дизелот за 2,120, кај екстра лесното масло 2,043 и кај мазутот за 1,589 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,869 отсто.