Поплави низ Босна и Херцеговина – загинаа 15 лица, повеќе се водат за исчезнати

Фактот што се гледа само минарето и покривот од џамијата и куќите, говори за силината на невремето проследено со лизгање на земјиште и одрони кое синоќа зафатени делови од Босна и Херцеговина.

„Со големо жалење можам да констатирам дека во овој момент имаме потврдено 14 жртви, односно 14 пронајдени тела, за жал има тенденција за зголемување на тој трагичен број“, вели Дарко Јука.

Најпогодена е Доња Јабланица, каде живеат петстотини жители. Денеска местото е целосно отсечено. Патот е целосно уништен, во прекин се телекомуникациите и железницата. Може да се пристапи само од воздух.

„Состојбата како и сами знаете е тешка. И натаму се врши потрага по исчезнатите лица, тоа првенствено ни е приоритет. Ние имаме обучени лица и мислиме дека ќе биде добро сработено денеска и утре“, вели Алдин Брашниќ.

Се започнало синоќа со врнежи од дожд, па што се отцепил голем дел од планината. Населените места се претворени во езера. Жителите велат доста време се обидувале да спасуваат луѓе, имотот, но во голем дел не успеале.

„Прв пат сум го доживеала и видела оваа катастрофа. Не сум поплавена, но ми е жал за народот. И стојам на располагање за тие кои имаат мало бебе, возрасни болни лица, бујрум вратата е отворена“.

„Кога одев на работа, врнеше нормално. Потоа, сопругата ми се јави и ми рече дека не може да излезе од дома. За два часа… Бог да чува…“

Поплави има и во Црна гора. Во одредени села водата навлезе во куќите. Од синоќа на сила е црвен метео аларм.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ