Обилните и интензивни врнежи од дожд присутни на целата територија на Албанија, од вчера доцна попладне, предизвикаа поплави во повеќе градови, а најкритична е состојбата во пристанишниот град Драч, во севрозападниот округ Лежа, на север во округот Кукс, како и во уште неколку окрузи.
View this post on Instagram
A post shared by The Peninsula Qatar (@peninsula_qatar)
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу, го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч во врска со ситуацијата со поплавите во овој регион, каде состојбата е најкритична. По состанокот, министерот изјави дека состојбата со поплавите во регионот Драч сè уште останува проблематична.
Според него, околу 800 домови се поплавени, додека 180 луѓе се евакуирани поради опасноста. Тој додаде дека силите за цивилни вонредни состојби, општинските служби и надлежните институции се посветени на управување со ситуацијата и за итна интервенција каде што е потребно.
Durrës Durrës County Albania – 6 January 2026 – Flooding noted in several areas byu/DisasterUpdate inDisasterUpdate
Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, главно на северот и југот од земјата, кои ќе условат дополнително зголемување на дотокот во реките и езерата и зголемување на поплавените површини.