Поради два беспилотни летала што нелегално прелетаа над северна Молдавија синоќа, целиот воздушен простор на земјата беше привремено затворен синоќа, кој беше повторно отворен во 1:27 часот, освен над северниот регион, објавија властите на земјата.
Според властите, два беспилотни летала, кои не беа откриени на радарот, го преминаа воздушниот простор на Молдавија во правец на регионот на левиот брег на Днестар, објавува молдавскиот портал Newsmaker.
Украинските гранични власти ја информираа молдавската гранична полиција дека се забележани беспилотни летала како ја преминуваат државната граница од едната на другата страна.
Поради два дрона воздушниот простор над Молдавија е привремено затворен
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft