Известување за бизнисите од Општина Струга
Празнични куќички за Нова Година – отворен е повикот за аплицирање, до петок, 12.12.2025 година.
Во рамки на украсувањето и празничната атмосфера за крајот на годината, во центарот на Струга ќе бидат поставени 9 посебни празнични куќички, кои ќе им бидат дадени на користење на заинтересираните бизниси.
➡️ Право на аплицирање имаат сите бизниси кои ги исполнуваат утврдените услови:
*Барање
*Решение од Централен регистар за вршење дејност
*Решение за исполнување минимално хигиено технички услови за вршење дејност од
Министерство за економија,
*Решение за исполнување минимално хигиено технички услови за вршење дејност од министерство за здравство и
*Решение за исполнување минимално хигиено технички услови за вршење дејност од Министерство за труд
*Уверение за платен даночни обврски од Општина Струга
*Потврда за измирени обврски од ЈП.Комунално- Струга
*Потврда за измирени обврски од ЈП Водовод и Канализација -Струга
➡️ Во случај на поголем број на апликации, ќе се формира посебна комисија која ќе го изврши изборот на транспарентен начин и според утврдените критериуми.
За сите потребни информации и за процесот на аплицирање, ве покануваме да се обратите до Општина Струга.