Пожар во хотел во Турција, повеќе од 150 гости евакуирани

Повеќе од 150 гости на хотел во Ескишехир, западна Турција, беа евакуирани по избувнување на пожар во кујната на хотелскиот ресторан, јави весникот „Сабах“.
Чадот од пожарот го зафати хотелот и соседните објекти, предизвикувајќи паника меѓу гостите.
Двајца вработени се повредени поради вдишување чад и се пренесени во болница, но според официјалните информации, нивните животи не се во опасност.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ