Премиерот Христијан Мицкоски на средба со граѓаните во Лабуништа

Денес, во посета на Лабуништа, беше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, господинот Христијан Мицкоски.

Настанот претставуваше извонредна можност за граѓаните од Лабуништа и поширокиот регион да се запознаат одблиску со плановите, визијата и политиките кои партијата ги промовира за подобра и посилна иднина на Република Македонија.

Господинот Мицкоски се обрати пред присутните, говорејќи за актуелните состојби во државата и најавувајќи идни проекти и конкретни мерки насочени кон подобрување на животниот стандард, економскиот развој и поддршката за локалните заедници.

Од ВМРО-ДПМНЕ – Лабуништа изразија благодарност до сите граѓани кои присуствуваа на средбата и ја покажаа својата поддршка.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ