Пресушија изворите кај Горна Беласица, пак рестрикции за вода
Пресушија изворите кај Горна Белица, од каде Струга се снабдува со вода за пиење. Сушното лето, и немањето на врнежи си го направија своето, па сега остануваат само изворите кај Шум. Поради тоа од Јавното претпријатие Водовод започнаа со рестрикции од полноќ до пет часот наутро, за да можат да се обезбеди дооволно количество вода во текот на денот. Последните врнежи можат малку да ја подобрат ситуацијата, но тоа не е доволно.
„ Нема дожд и затоа имаше проблеми.Се надеваме дека ќе се поправи ситуацијата“, рече еден граѓанин.
„ Во селата има проблем со водата како што се Велешта, Татеши и Добовјани.А во градот Струга и во некои села како Заграчани нема проблеми. Ако се вклучи и водата од Вевчани, тогаш проблем нема да има за Струга“, додаде друг.
Локалните власти во Струга, пред неколку години најавуваа решение на проблемот со водата за пиење, по примерот на Охрид,со црпење на вода од Охридското Езеро. Таа вода претходно се филтрира и хлорира, пред да дојде до крајните потрошувачи. Директорот на Водовод, Дашмир Насуфи вели дека тој проект се уште е во игра и оти се во разговора со компаниите кои вршат таква дејност. Тој апелира и на поголема свесност од граѓаните.
„Треба и граѓаните да бидат покоректни, да има поголема свест од нивна страна и во однос на користењето на водата.Колку и да има вода, ако нема свест ќе се троши. Ако нема вода тешко се менаџира ситуацијата. Не дека не треба да иневстираме, треба да инвестираме, но за да ја поминеме сезоната треба и поголема свест кај граѓаните“, рече Дашмир Насуфи-директор на Водовод Струга.
Инаку во текот на летово во Струга и струшко на големо се крадеше вода. Откриени беа стотина кражби во разни делови на општината, кога несовесни жители си ги вадеа дворовите или бавчите без прекин, што само ја усложнуваше ситуацијата. Експерти посочуваат дека има можност за искористување на подводни извори од езерото, на потегот кај селото Калишта, со поставување на пумпна станица и соодветни филтри за прочистување. Целата инвестиција би изнесувала околу половина милион евра. На тој начин ќе има 4 пати повеќе вода од потребното.