Претседателите на Хрватска и Словенија поддржуваат продолжување на Иницијативата Брдо-Бриони

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ и претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар денеска во Загреб се заложија за продолжување на регионалната иницијатива Брдо-Бриони и ја поддржаа идејата следната средба да се одржи на крајот на годината во Северна Македонија.

– Намерите во однос на таа Иницијатива се исти, а тоа се интеграцијата и благосостојбата на земјите од просторот на Западен Балкан, истакна Милановиќ на заедничката прес-конференција.

Тој додаде дека „треба да се внесат уште неколку работи во помирни води“ за да се продолжи со Иницијативата што беше иницирана во времето на поранешните претседатели на Хрватска и Словенија, Иво Јосиповиќ и Борут Пахор.

– Што се однесува до мене, тоа е можно, но истото се прашуваат и оние кои учествуваат во него, посочи Милановиќ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ