Претседателот на Кипар ги разреши полициските началници поради бегство на затвореник

Претседателот на Кипар, Никос Христодулидис синоќа им врачи отказ на началникот и заменик-началникот на кипарската полицијата, откако затвореник осуден на доживотен затворе побегнал и се криел неколку дена.

Осудениот Дорос Теофенус (41) исчезнал во четвртокот за време на посетата на неговото семејство во Пафос, и покрај тоа што го чувале седум полицајци. Тој бил откриен и уапсен вчера во Лимасол.

Претседателот по синоќешното враќање од Њујорк, каде присуствувал на Генералното собрание на ОН, се одлучил да ги смени началниците, и за тоа ја известил полицијата. Исто така дал инструкции до министерството за правда да се разреши и заменик-директорот на Централниот затвор.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ