Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон неочекувано се појави заедно со принцот од Велс при посетата на Саутпорт, каде што одржаа приватен состанок со ужалените семејства на трите деца убиени во напад со нож во јули.
Ова беше прв официјален јавен настап на Кејт откако го заврши лекувањето со хемотерапија.
Кралските извори велат дека таа одлучила да му се придружи на принцот Вилијам за да ја покаже својата „поддршка, емпатија и сочувство кон локалната заедница“.
Двојката разговараше со службите за итни случаи кои помогнаа на местото на разорниот напад со нож во северозападниот приморски град.