Природен репелент: Комарците не го сакаат мирисот на ова популарно овошје

Летните темпратури веќе на големо пристигнаа, па затоа веќе со недели можеме да уживаме во вечерните излегувања на отворено. Придушени светла, разговори со драги луѓе, свеж воздух, смеа … звучи прекрасно, нели? Сè додека идилата не ја нарушат комарците и другите инсекти.

Сепак, постои начин да се заштитите од споменатите „штетници“, и тоа на природен начин.

Кора од портокал и лимета

Според веб-страницата “Zivim”, репелентот означува средство кое со својот специфичен мирис одбива инсекти како што се комарците, крлежите и мувите. Иако на полиците на продавниците има различни средства за заштита од инсекти, важно е да се нагласи дека има и такви кои содржат нездрави пестициди.

За среќа, можеме да најдеме природни репеленти во нашата кујна. Една од корисните намирници за оваа потреба е кората од портокал, а тоа го докажува научна студија објавена во списанието „Bioresource Technology“.

Имено, таа потврди дека екстрактите од кора од портокал и лимета се исклучително ефикасни репеленти против комарци и други инсекти, вклучувајќи ги лебарките и мувите. Иако при овој експеримент се користел спреј со екстракт од кора од портокал, експертите веруваат дека само користењето на кората може да биде одлично за одбивање на инсектите.

Каде да се стави кората?

Придобивките од кората од портокал се потврдени и со оваа студија од 2023 година во која истражувачите препорачуваат да ги оставите кората од портокал надвор (на двор) за да спречите комарци, како и други бубачки и штетници да влезат во вашиот дом.

За истата цел, можете и директно да ја втриете кората од портокал на кожата. Во својата кора ова овошје содржи голема количина на лимонен, кој исто така е инсектицид кој влијае на респираторниот систем на инсектите.

Други методи

Освен споменатиот трик, во борбата против инсектите секогаш можете да користите етерични масла, познати и како репеленти. Пајаците мразат масло од чајно дрво и лаванда, додека циметот и кредата природно ќе ги одвратат мравките.

Етеричното масло од лимонов евкалиптус и цитронела се покажаа како одлично против крлежите, кои подеднакво успешно ќе ги одвратат здодевните комарци.

Заедно со маслата, садењето одредени билки и цвеќиња околу терасата може да биде корисно за заштита од инсекти. Невенот може да ги одврати штетниците, додека маточината, лукот и рузмаринот ги одбиваат влекачите.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ