Приватните детективи во Србија со полни раце работа – се лажете доколку мислите дека мажите ги изнајмуваат за да си ги следат жените!

Приватните детективи со полни раце работа во Србија.

Србите изнајмуваат приватни детективи за да си ги следат љубовниците дали ги изневеруваат, во своите жените најверојатно имаат полна доверба.

„Клиентите најчесто ни се јавуваат кога сакаат да ги проверат своите емотивни партнери. Она што е логично е да се проверуваат сопружниците, но се почесто мажите проверуваат дали и нивната љубовница е верна. Жените не се толку екстремни и досега само проверуваа дали сопругот ги изневерува. Доживуваме секакви работи на теренот, многу тешки и непријатни ситуации. Понекогаш кога не би се посомневале во таа жена или маж, се случува тие да се прељубниците“, вели за РИНУ приватен детектив од Чачак.

Но, не се следат само емотивните, често на мета се и деловните партнери, но и децата.

„Родителите сакаат да проверат дали нивните деца се дрогираат или се членови на некои секти. „Тоа е можеби најтрауматичното искуство за детективот кога треба да им каже на таткото и на мајката дека нивното дете е наркоман, но тоа им помага на родителите бидејќи потоа ги упатуваат на лекување, на клиники или манастири“, додава тој.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ