На 20 јануари 2026 година, во 00:10 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга лишиле од слобода 35-годишно лице поради нарушување на јавниот ред и мир.
Според информациите, лицето во зграда на истата улица се однесувало агресивно и непристојно, со што предизвикало вознемирување на граѓаните. По извршеното алкотестирање, кај него биле констатирани 2,28 промили алкохол во крвта.
По целосното документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.