Прогласена национална катастрофа во Филипини: Тајфунот усмрти 140 лица, 130 се водат како исчезнати

Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос прогласи состојба на национална катастрофа поради тајфунот Калмаеги, во кој загинаа најмалку 140 лица, а 130 се водат како исчезнати, а во исчекување на претстојниот тајфун, објавија локалните медиуми.
Централната покраина Себу беше најтешко погодена, каде што поплавите им се заканија на градовите и местата, однесувајќи автомобили, колиби покрај реката, па дури и огромни контејнери.
Националниот совет за намалување и управување со ризици од катастрофи соопшти дека повеќе од 500.000 семејства, или повеќе од 1,9 милиони Филипинци, биле погодени од тајфунот Калмаеги, локално познат како тајфун Тино, објави Синхуа.
Калмеги, 20-тата бура што ја погоди земјата оваа година, дополнително се засили додека го преминува Јужнокинеското Море и се приближува кон Виетнам, каде што се очекува да стигне до копното во петок.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ