Путин: Вистината е на наша страна, сите цели ќе се постигнат

Рускиот претседател Владимир Путин денес, по повод втората годишнина од анексијата на украинските региони, изјави дека Русија „ќе ги постигне сите свои цели“ во Украина.

„Вистината е на наша страна. Сите цели ќе бидат остварени“, рече Путин во видеообраќањето, честитајќи им го на Русите „Денот на обединување“ со украинските региони Луганск, Доњецк, Запорожје и Керсон, кој Русија го слави на 30 септември.

Тој го поздрави „фаталниот настан“ што беше потребен за да се заштитат жителите од тие области кои зборуваат руски јазик од „неонацистичка диктатура“ и „радикален национализам“.

„Ние не ги напуштивме нашите браќа и сестри“, истакна Путин, а потоа повторно ја бранеше „потребата и легитимноста на специјалната воена операција“, како што руската влада ја нарекува бруталната офанзива против Украина.

„Денес се бориме за безбедна и успешна иднина на нашите деца и нашите внуци“, тврди тој.

Путин ја потпиша официјалната анексија на украинските региони на 30 септември 2022 година, иако Москва не ги контролира целосно.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ