Расте бројот на загинати во страшното невреме во Црна Гора: За еден час двајца загинати

Работник на кран на градилиштето „Челебиќ“ во Чањ загина како последица на невремето што ја зафати Црна Гора. Исто така, едно лице загина од удар на гром во Луштица, известија од ОКЦ на Полициската управа.

Големи кранови паднаа во пристаништето Бар, т.н „мостови“. Според првите, неофицијални податоци на порталот „Бар инфо“ , едно лице се здобило со полесни повреди.

Едно лице загина од удар на гром во Луштица, информираат за агенцијата МИНА од Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) на Полициската управа.

„Се чини дека едно лице е смртно погодено од гром на теренот за голф Лустика Беј“, соопшти полицискиот оддел на ОКЦ.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ