Најстарата селска чешма „Клајнец“ во Подгорци, струшко, уште ја гаси
жедта на жителите од оваа населба.
Најстарите жители на селото Подгорци, добро се сеќаваат на оваа
чешма лоцирана во сред селото на горно „Ориште“. Ако запрашате кој бил
човек од населбата, ќе добиете прецизен одговор која е најстарата чешма во
селото. Оваа чешма била една од ретките во тоа време како што велат
жителите од селото Подгорци, порано се чекало редови за да се наполни
вода за пиење ( перење ), се до пуштањето на првиот селски водовод ( 1977).
Посебно место во овој дел на Подгорци има чешмата изградена пред
многу години. Бидејќи во тоа време населбата не располагала со водовод,
главниот снабдувач со вода за пиење, за готвење и прење била токму оваа
чешма, кпоја и во периодите на големи суши не пресушувала и како што
велат нејзините корисници водата во оваа чешма била исправна за пиење.
Бидејќи во тоа време селото немало сопствен водовод, за вода крај оваа
чешма се собирале редици локални жители кои трпеливо чекале да дојдат
на ред за да наполнат вода за пиење и останатите потреби.
Најстарите генерации од нивната населба добро ја паметат оваа чешма
што значи дека истата навистина е многу стара. Едно од најстарите жители на
селото потсетува дека водата од оваа чешма извира кај самата чешма, каде
што е каптирана и изграден базенот. Од оваа чешма, со земјени ќунци се
напојуваат уште три чешми во селото, чешмата има здрава вода за пиење и е
функционална и им служи на локалните жители.
Нема човек од населбата, па и пошироко, кој нема да ви каже убави
зборови и спомени за чешмата „Клајнец“ лоцирана во сред селото на горно
„Ориште“ каде што невестите се носеле на вода да наполнат и се играло
„невестинското оро“. Според сите согледувања чешмата потекнува од турско
време, бидејќи официјални податоци нема. Иако денес нашата населба има современ водовод, сепак дел од месните жители и ден денес жедта ја гасат
од оваа чешма, надалеку позната – истакнуваат жителите.
Водата истекува од два дулци, за кои и за нив има легенда, и никогаш
нема пресушено.
Но, оваа година 2025, чешмата беше реновирана од предниот дел и
украсена со Дебарски камен, од селската тајфа на мајстори за ѕидан и клесн
камен, предводена од Бавтир Исмајлоски од самото село.
Донацијата за реконструкција на најстарата чешма беше од страна на
Подгоречките печалбари во Италија.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ


