Во Романија, населението на областите Тулча и Галац доби воздушен аларм RO-ALERT во понеделник навечер поради нападите со руски беспилотни летала во Украина.
„Во ноќта помеѓу понеделник и вторник, нови напади со беспилотни летала се регистрирани во Украина, во близина на границата со Романија“, објави Министерството за национална одбрана на таа земја.
Во соопштението се наведува дека во 1:10 часот радарските системи детектирале два беспилотни летала кои се движеле кон градовите Рени и Чилија, а во 1:26 часот населението на северниот округ Тулча и југоисточниот округ Галац биле предупредени преку системот RO-ALERT, објави Аѓерпрес.
Романија прогласи воздушна тревога поради напад на руски дрон близу границата
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft