Во падот на патничкиот авион со 72 лица вчера во Непал, потврдена е смртта на 68 лица, а четворица се водат како исчезнати, соопштија вечерва властите, завршувајќи ја потрагата по исчезнатите.
Авион ATR72 на Yeti Airlines падна во провалија при слетување на линијата од Катманду до Покара. Еден од патниците ги снимил последните моменти пред несреќата, а ова видео се прошири на социјалните мрежи.
📌 Canlı yayında korkunç uçak kazası!
Katmandu-Pokhara seferini yapan uçağın yolcusu Sonu Jaiswal, uçağın inişi esnasında Facebook’tan canlı yayın yaparken birkaç saniye içinde uçak düştü ve alev aldıktan sonra yayın koptu. Kazada 68 yolcunun tamamı yaşamını yitirdi. pic.twitter.com/kqg0hJ2K4t
— Milat Gazetesi (@MilatGazete) January 15, 2023
Според тврдењата на социјалните мрежи, се работи за патник од Индија, кој со своите пријатели бил на патување со параглајдерство.
Ова е најголемата воздухопловна несреќа во Непал од 1992 година, кога Ербас А300 на пакистанската авиокомпанија се урна во рид на пристапот кон Катманду, при што загинаа сите 167 патници.