СДСМ – Струга во посета на Лабуништа: „Гласот на граѓаните е нашата насока за подобар живот“

На денешната посета на Лабуништа, претставниците на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Струга добија повеќе конструктивни предлози и идеи од жителите за тоа како да се подобри квалитетот на животот во оваа населба. Граѓаните на Лабуништа, како што истакнаа од СДСМ, точно знаат што им е потребно и што е најдобро за нивното место.

Носителот на советничката листа на СДСМ – Струга, Димче Шипинкаровски, заедно со кандидатите за советници, се обврза дека сите идеи и барања на граѓаните ќе бидат дел од нивната програма и постепено ќе се реализираат преку одлуките што ќе ги носи струшкиот совет.

Од партијата посочуваат дека со секоја нова теренска активност расте мотивираноста и посветеноста на нивните симпатизери и поддржувачи.

„Се бориме за нашиот дом, за подобра Струга и за достоинствен живот на сите граѓани,“ порачаа од СДСМ – Струга.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ