Се урна дрвена конструкција во Русија, повредени повеќе од 80 лица

Осумдесет и четири лица побарале медицинска помош откако се урна дрвена конструкција во округот Гудермес во Чеченија, соопшти чеченското министерство за здравство.
„По прегледот и укажаната помош на местото на несреќата, 43 пациенти се хоспитализирани, од кои двајца се на одделението за интензивна нега“, се вели во соопштението на чеченското Министерство за здравство, додавајќи дека останатите повредени се примени на амбулантско лекување.
Руските медиуми објавија информации за оваа несреќа во кои се наведува дека 40 лица се повредени кога балконот на приватна куќа се урна врз погребна поворка во селото Ишхој-Јурт.
Фото: Архива

ОСТАНАТИ ВЕСТИ