Авион на Министерството за одбрана на Русија се урна во западниот регион Белгород, соопштија денеска локалните власти.
„Авионот на Министерството за одбрана се урна во областа Валујски. Сега на самото место работи истражен тим и вработени во Министерството за вонредни состојби“, објави на Телеграм гувернерот Вјачеслав Гладков.
Гладков нагласи дека ситуацијата е под контрола, а причината за инцидентот се истражува.
Повикувајќи се на полициски извори, руската државна новинска агенција ТАСС објави дека пилотот се катапултирал пред несреќата. (МИА)