Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја погоди Албанија денеска, а беше почувствуван и во Црна Гора.
Земјотресот, на длабочина од десет километри, е регистриран осум километри североисточно од градот Шијак. Се почувствувал и во Будва, Игало и Херцег Нови.
„Ужас, траеше околу 15 секунди“, пишува лице кое го почувствувал потресот, на веб-страницата на Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC), додека друго лице открива дека прво имало силен потрес, а потоа вибрациите продолжиле.
Бројни граѓани од Тирана, исто така, пријавуваат дека биле исплашени од овој земјотрес. Потоа следел уште еден земјотрес (3,8), а потоа уште еден (2,4)
Инаку, околу 7 часот утрово, еден час пред посилниот земјотрес, беше регистриран послаб (2,4).
