Серија земјотреси во северна Грција, најсилниот на полуостровот Атос со јачина од 4,8 степени

Грчкиот полуостров Атос (Света Гора) рано утрово беше погоден од четири земјотреси, од кои најсилниот беше пет степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од пет километри, околу десет километри јужно од манастирот Хиландар.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ