Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир на автомобил и воз во Узбекистан

Шест лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во судир меѓу автомобил и воз на железнички премин во Узбекистан, соопшти денес прес-службата на Узбекистанските железници.

Според прес-службата, на необезбеден железнички премин помеѓу станиците Чорток и Ујчи во регионот Наманган во источен Узбекистан, возачот на патничко возило, прекршувајќи ги сообраќајните правила, се судрил со воз што се приближувал.

„Во автомобилот имаше шест лица – пет жени и едно мало дете. Поради силниот судир, никој во автомобилот не преживеа“, изјавија тие на Телеграм каналот на Узбекистанските железници.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ