Шкендија ги доби противниците во ЛК: Дома со Слован, Јагелонија и Шелбурн, гостува кај Рајо, косовска Дрита и АЕК Ларнака

Македонскиот првак Шкендија ги доби противниците во историскиот прв настап во Лигата на Конференции.

Тетовскиот тим ќе игра против: Слован Братислава дома од првиот шешир, потоа од вториот шешир на гости против Рајо Ваљекано, дома против Јагелонија од Полска од третиот шешир, Дрита од Косово од четвртиот шешир на гости, Шелбурн на домашен терен од шестиот шешир и од петиот шешир АЕК Ларнака на гостински терен.

Дополнително ќе биде одреден распоредот, а сите домашни мечеви Шкендија ќе ги одигра на Националната Арена „Тодор Проески“.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ