Шкендија не издржа во продолженијата и загуби со 4-1 од Лудогорец – ќе игра во групите во Конференциската Лига

Македонскиот фудбалски првак Шкендија не успеа да ја сочува предноста од 2-1 од Скопје, на гостувањето кај Лудогорец во Разград. Тимот од Тетово успеа да се избори за продолженија, но во нив домашните стигна до два гола и до пласман во Лигата на Европа.

Куртулус уште во 9. минута успеа да го донесе Лудогорец до предност, а во 24. минута бугарскиот тим имаше веќе 2-0 со голот на Чочев, резултат кој го носеше во групите во Лигата на Европа.

Шкендија во вториот дел се врати со голот на Тамба, а истиот играч имаше шанса во 88. минута да го реши прашањето околу пласманот во Лигата на Европа, но не реализираше супер шанса.

Во продолженијата Текпетеј и Биле успеаја да дадат два гола и така да го однесат Лудогорец во групната фаза во Лигата на Европа.

Шкендија продолжува сега во групите на Лигата на Конференции.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ