Штетите од разорните земјотреси во Турција изнесуваат околу 80 милијарди долари

Турскиот министер за земјоделство и шумарство Вахит Киришчи денеска изјави дека штетите од разорните земјотреси во Турција на 6 февруари досега се проценуваат на околу 80 милијарди долари, а извозното производство во погодените области е намалено за 40 отсто.

– Тоа што се случи е многу болно за нас. Штетите се проценуваат на 80 милијарди долари, а само државната Генерална дирекција за води претрпе штета од 22 милијарди лири (1,16 милијарди долари) како резултат на земјотресите, рече Киришчи, пренесува Милиет.

Тој, исто така, истакна дека разорните земјотреси предизвикаа пад на извозот од единаесетте окрузи во зоната на катастрофата од 2,947 милијарди долари на 1,783 милијарди долари.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ