Што се случува кога ќе кликнете на копчето „јас не сум робот“? Одговорот би можел да ве загрижи

Сигурно досега сте кликнале на копчето со кое потврдувате дека не сте робот и не сте размислувале многу за тоа што се случува во меѓувреме додека ви се одобрува пристапот на некоја страница.

Оваа безбедносна мера се нарекува „CAPTCHA“ (англиски: Completely Automated Public Turing test to tell Computers and Humans Apart) и кога ќе потврдите дека „не сте робот“ тоа не е само едноставен клик на копчето.

Кога ќе ја означите оваа опција, страницата која сакате да ја отворите добива пристап до вашата интернет историја, за да одлучи дали сте вистинска личност или не.

Доколку на пример, сте гледале Јутјуб или сте напишале нешто на Твитер пред да кликнете на копчето „јас не сум робот“, тоа значи дека сте вистинска личност.

Во суштина, станува збор за начин на којшто Гугл проверува дали сте вештачка интелигенција или не. Мора да признаеме дека сето тоа е малку морничаво, особено кога знаеме дека може да се следи и анализира и начинот на којшто ја поместувате стрелката преку екранот.

Доколку добиете уште една задача (да кликнете на хидранти, мотори или нешто трето), тоа значи дека машината сѐ уште не е сигурна дали сте вистинска личност или не.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ