Струга – Осуденици во Казнено-поправната установа во Струга започнаа штрајк во знак на протест поради укинување на викендите, за кои тврдат дека имаат законско право. Според нив, оваа одлука е донесена без најавa, правно образложение или објаснување од надлежните.
Информациите од внатрешни извори упатуваат на тоа дека укинувањето на викендите е спроведено спротивно на важечките закони и интерни прописи, што предизвикало големо незадоволство меѓу затворениците.
Штрајкувачите бараат итно враќање на правото на викенд, истакнувајќи дека тоа претставува една од ретките можности за одржување врска со нивните семејства и за зачувување на личното достоинство за време на издржувањето на казната.