Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди областа во близина на источниот брег на руската област Камчатка, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ГФЗ, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.