Силна експлозија во рафинерија за нафта во Ново Мексико, неколку повредени

Силна експлозија се случи денес во рафинерија за нафта во американската држава Ново Мексико, а официјални лица изјавија дека има повредени.
По експлозијата, густ чад се издигнал над зградата, а противпожарната бригада и други служби пристигнале на местото на настанот и успеале да го изгаснат пожарот.
Според полициски службеник во градот Артиција, во експлозијата нема загинати, но има повредени, објави АП.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ