Централен Виетнам е погоден од поплави предизвикани од обилни дождови, особено во популарните туристички дестинации Хуе и Хој Ан, објави денес владината Агенција за управување со катастрофи.
За 24 часа, врнежите надминаа 1.000 милиметри, што доведе до рекордно ниво на вода во Хуе, објави Ројтерс.
Во Хој Ан, фотографиите покажаа дека голем дел од градот е поплавен, со неколку куќи до покривите.
Силни поплави го погодија централен Виетнам, туристите евакуирани со брод
©2024 Спектра ТВ. Сите права задржани. Made by
Ultrasoft