Снегот кој ноќеска паѓаше во одредени делови на Хрватска, предизвика проблеми со сообраќајот на неколку патни правци. Автобус се заби во карпа на патот помеѓу Горње Јелене и Краљеви Јарак, и сообраќајот се одвива отежнато.
Врнежите во Горски Котар започнаа како дожд во текот на ноќта, а подоцна се претворија во обилен снег, што го отежна сообраќајот.
Националното здружение на возачи и сопственици на возила на Хрватска (ХАК) објави на својата веб-страница дека поради сообраќајна несреќа на патот ДЦ3 помеѓу Горње Јелење и Краљеви Јарак, сообраќајот се одвива по една лента. Покрај тоа, во моментов нема слободен патен правец за камиони со приколки и влекачи со полуприколки од внатрешноста кон Хрватскиот брег или Истра и обратно, поради зимските услови на автопатот А6 Риека-Загреб и државниот пат ДЦ3.
