Сообраќајка на регионалниот пат Охрид-Струга,повредени две лица

На 22-ри јуни 2024 година, во 08:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на регионалниот пат Охрид-Струга, на место викано „Оровничка плажа“, се случила сообраќајна незгода во која се повредени две лица.

– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од страна на 35-годишно лице од Тетово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки повреди се здобил сопатникот, 32-годишно лице од Тетово, додека возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР 

ОСТАНАТИ ВЕСТИ