Сообраќајна незгода на локалниот пат за селото Подгорци, повредено едно лице

На 15-ти април 2024 година, во 21:15 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека се случила сообраќајна незгода на локалниот пат за селото Подгорци, во која е повредено едно лице.

– Патничко возило „Даеву матиз“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 20-годишно лице од струшкото село Подгорци, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.

извор: МВР

ОСТАНАТИ ВЕСТИ