СООПШТЕНИЕ ОД МЕСНА ЗАЕДНИЦА ЛАБУНИШТА

Се известуваат граѓаните дека на главната улица во Лабуништа ќе има редовна полициска патрола, со цел воведување на сообраќаен ред.

Со оглед дека доаѓа празничен период, а со тоа и зголемен број на возила, оваа интервенција е потребна поради зачестени застои во сообраќајот.

Се очекува од граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, а особено значајно да не вршат непрописно паркирање.

Со почит
Месна Заедница Лабуништа

ОСТАНАТИ ВЕСТИ